Многумина од докторите советуваат дека целокупното здравје на организмот зависи од правилната работа на цревата. За ова се напишани бројни книги и статии.

Цревата може да станат мрзливи во било кој период од животот, но најчесто е карактеристично за постарите лица и оние кои водат седентарен начин на живеење без поголема физичка активност.

Луѓето што не ги празнат редовно цревата се жалат на подуеност, имаат лош здив и честопати им се јавуваат грчеви и болки во стомакот.

Ова се некои од причините за опстипација:

-Седечки начин на живот, во кој стомачните мускули не се активни, поради што не доаѓа до стимулација на цревата.

Пиење мала количина на вода: Поради недостиг на вода, столицата е погуста и тешко се исфрла.

Неправилна исхрана без растителни влакна.

Старост: По 55-тата година тонусот на мускулите се намалува, а запекот станува почест.

Нагли промени на климатските или временските зони.

Навика да се сопира нагонот за празнење.

-Стресни ситуации, нарушувања на сонот.

Во ретки случаи, цревата стануваат мрзливи поради болести. Во повеќето случаи, човекот е самиот виновен за нефункционалноста на неговите црева, бидејќи јаде брза храна без влакна, не спортува и не пие доволно течности.

За да се врати правилната функција на цревата, потребно е да се обноват здравите рефлекси и да се формираат добри навики.

Ова се правилата кои треба редовно да се почитуваат за да имате столица секој ден во исто време:

Одредете време кое најмногу ви одговара: Ваша задача е да одите во тоалет редовно, во исто време, на пример, после појадок или ручек.

20 до 30 минути по јадењето, цревата добиваат сигнал за празнење. Навиката постепено се развива и се обновува стабилна столица.

Идеално време е 30 до 40 минути по утринското будење. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да седите долго време врз шолјата и да се напнувате. На тој начин може да развиете хемороиди.

адете лесен појадок или испијте чаша вода на празен стомак. Обидете се овој процес на празнење да биде што поприроден. Во водата додадете малку лимонов сок или сок од друго цитрусно овошје како стимуланс.

Отстранете ја причината за стрес што предизвикува нарушување на столицата. Не брзајте кога ќе отидете во тоалет, не дозволувајте други работи да ви го одвлекуваат вниманието.

Не го сопирајте нагонот да се испразните: На почеток одете до тоалет кога ќе добиете каков било нагон за празнење. По некое време, ќе почнете да ги празните цревата.

Заземете ја вистинската поза: Природната поза за празнење е клекната позиција. За да развиете природни рефлекси, ставете мала клупа под нозете додека седите на тоалетната школка. Ова ќе го опушти пуборекталниот мускул и ќе го зголеми рефлексот за дефекација.

Правилната и избалансирана исхрана е од големо значење. Додадете повеќе влакна, како и мешунки, овесна каша, јаболка и банани. За да ги тренирате цревата и да го подобрите празнењето, нутриционистите предлагаат да јадете домати, тиква, интегрални житарици, семиња, овошје со пулпа и зеленчук.

Цревниот тренинг е всушност едноставен, но долготраен процес за да се вратат и развијат вистинските рефлекси. Ако ги следите овие правила, за неколку седмици ќе постигнете добри резултати.