Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Во пладневните часови ќе има локални врнежи од дожд.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

УХМР издаде и актуелно предупредување за денес и утре во кое се наведува дека времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои на југоистокот и вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Насекаде во земјата ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури.