Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес заедно со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани го потпишаа едногодишниот план за работа кој ги вклучува канцеларијата на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика.
Главниот фокус на програмата е на Социјална политика, заштита од насилство, предучилишно образование. Целта на потпишаната програма е на сите момчиња, девојчиња и семејства да им се овозможи еднаков пристап до социјалните услуги со интегриран квалитет кој што овозможува подобро здравје, грижа и нега како и заштита од негативни искуства. Воедно преку програмата треба да се овозможи на децата и младите да се развиваат и напредуваат преку квалитетно и инклузивно образование.
Министерството за труд и социјална политика во периодот кој што следи ќе се залага да му овозможи на преку детската заштита поволно опкружување во кое на детето му се дава централно место.