Унијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри во текот на денешниов ден ќе одржат средби и состаноци со преставниците на гранковиот синдикат и претседателот Љубиша Каранфиловски со цел како што велат да се дефинираат барањата на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
“Унијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри бара соодветно и компромисно решение за да и на нас здравствените работници со средно, више и високо образование ни биде вреднуван трудот, онака како што вистински треба. Сестринството во Македонија е разбранувано и секојдневните дописи до здружението за промени не поттикна да го направиме овој состанок каде ќе ги официјализираме нашите барања пред членството да започне со транспаренти да си ги бара своите права.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на ЗМСТА – ЗА НАС.
Деталите за исходот од денешните средби со синдикатот од Унијата најавија дека ќе ги соопштат утре на прес конференција.