Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на планот за активности по повод чествување на Меѓународниот ден на жената, денеска одржа крводарителска акција. Претседателката Жаклина Пешевска на својот фејсбук профил им се заблагодари на сите жени кои земаа учество и ја покажаа својата големина и хуманост.

-Им благодарам на сите жени кои земаа учество во денешната акција, но и на сите мажи. Му благодарам за поддршката и на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски! Им благодарам и на колешките пратенички од ВМРО-ДПМНЕ за поддршката и учеството во акцијата. Жените од ВМРО-ДПМНЕ и денес ја покажаа својата големина и хуманост!, напиша претседателот на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на Фејсбук.