Барањата на западните држави за медицински кадар од нашата земја, се причина да се зголеми интересот за упис на општа медицина, со посебен акцент акушерство. Инаку, пред насоките за општа медицина имаше долги редици, во споредба со другите насоки, каде чекаа двајца до тројца.

 Учениците велат дека се решиле за оваа насока бидејќи по завршувањето, полесно можат да се вработат во европските држави.

 „За медицинска сестра, како што пишува тука. Полесно е за Европа, верувам“.

 „Медицинска сестра мислам дека е полесно да се најде работа и како насока е подобра, за да им се помогне на луѓето, се работи за хумана работа, но влијае и тоа дека тука нема работа, а во странство да“.

Директорката на медицинското училиште, Шкендија Хусеини вели дека од 13 паралелки, шест од нив се за насоката болничарки.

 „Обично за медицински сестри интересот е поголем, но и во другите насоки имаме ученици. Барањето од западните држави е големо за кадарот кој го имаме, особено за болничарки, затоа повеќето сакаат да се запишат во оваа насока.

Последните години евидентно е зголемувањето на бројот на ученици од медицински насоки а кои се запишуваат на германски јазик, со цел да се подготват за полесно вработување во западните земји.