Една од опциите која што ќе се разгледува на следните владини седници, а се однесува на секторот образование е можноста за пролонгирање на уписите на првачињата. Како што навести министерот за образование, Арбер Адеми, постои можност наместо во мај уписите да се спроведат во септември.

„Имајќи предвид дека согласно новиот закон за образование,  родителите треба да достават и уверенија за примени вакцини, како и за извршен офталмолошки и стоматолошки прегледи кои треба да бидат издадени од надлежна здравствена установа“, појасни Адеми.