Како што дознава редакцијата на здравство.мк во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје во изминатиов период, поточно последниве две недели се случува невидена тортура, хаос и деспотско владеење. И покрај напорите на министерот Венко Филипче и неговите говори во кои се ветува подобро здравство за македонските пациенти како и тоа дека здравството во периодот што следи ќе биде сегмент во кој ќе тече мед и млеко се само празни муабети и залажување на јавноста со приказни за нешто што никогаш нема да се случи.

Реалната слика е следната, во ургентниот центар во последните две недели со наредба им се земени ингеренциите на докторите специјалисти и сите упати што тие ги креираат за упатување на пациентите на снимање со Компјутерска томографија или Магнетна резонанца се блокирани. Едноставно овие доктори неможат да креират ваков упат и доколку во смена во случај на итност или поголема потреба мора истиот да се креира мора докторите специјалисти од Ургентниот центар да се јавуваат и да бараат одобрување од директорите за креирање на ваквите упати.

За да може да се креира упат за КТ или МР истиот мора да биде одобрен од директорите Илир Хасани и Алберт Леши, бидејќи само со нивна дозвола пациент може да биде упатен на едно од двете снимања. Според погоре изнесеното прво каков е тоа клинички ургентен центар кога секоја ургентност мора да ја одобри директорот, како да докторот на смена, специјалистот не е доволно добар ама има добиено специјализација, министерството не му верува, министерот се сомнева, па нека го контролираат директорите што и како се прави и кој за каде и колку упати ќе даде?

Втората нејаснотија е: Зошто се превземени ваквите чекори? Можеби ова се новите мерки на штедење на министерот Филипче кои ги имплементира по клиниките и преку грбот на пациентите за да остане во министерската каса некој денар повеќе, за да има што да се подели со директорот на ФЗОМ Ден Дончев додека се договараат тендерите во 4-ри очи и се празни касата.

Пациентите и понатаму мака мачат секој ден со справување со своите болести, сега имаат и пречка плус, доколку имаат одредена итност и треба да се снимаат и при тоа снимањето да биде или со КТ или со МР им остануваат неколку опции во оптек: да се помолат, да остават „рушвет“ или да се надеваат дека ќе се смилува некој од директорите Хасани или Леши и дека ќе го добијат потребното снимање и соодветната нега и лекови. Еве на што се сведе македонското здравство под водство на оваа влада и на овој министерот за здравство, Венко Филипче. – посочуваат пациенти во клиничкиот центар кои сакаа да останат анонимни

 

Што побргу да се отстранат од овие функции сите проблеми од овој тип за пациентите, бидејќи министрите и директорите од ваков калибар на македонскиот пациент не му се потребни.