Ургентниот Центар до јули ќе работи со намален капацитет поради реновирање

Директорот на ТОАРИЛУЦ или Главниот Ургентен Центар во државава, Др.Александар Трајановски, во изјава за еден од македонските медиуми посочи дека поради реновирање установата ќе функционира со намален капацитет. Реновирањето би…

Директорот на ТОАРИЛУЦ или Главниот Ургентен Центар во државава, Др.Александар Трајановски, во изјава за еден од македонските медиуми посочи дека поради реновирање установата ќе функционира со намален капацитет. Реновирањето би требало да трае еден до два месеци и ќе започне од следната недела, а итните случаи и натаму ќе се примаат. Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија, изјавил Трајковски.

– Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал до сега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Така да планираме тоа да трае еден до два месеци и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми, посочи Д-р Александар Трајановски.

Трајановски додаде и дека се додека трае реновирањето вработените ќе си бидат на работните места, но доколку има наплив на пациенти, било договорено тие од внатрешноста да ги носат во ГОБ 8 септември, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница.

Истовремено веќе две недели затворена е и Инфективната клиника поради темелно чистење, а вработените се на колективен одмор.


Related Articles