Успешно се изведе втората трансплантација на црн дроб во Македонија. Марјана Бурмузоска, која беше дел од медицинскиот тим, кој ја изведе првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија, на својот фејсбук профил ја објави оваа вест. Таа во својата објава напиша ден Џевдет добива нов почеток, по 3 недели посветеност, непроспиени ноќи и многу дилеми и тешки одлуки.

Инаку при првата транспантација, 60 годишен пациент доби здрав орган од пацинетка со мозочна смрт, чие семејство се согласи да ги донира органите. Во продолжение ја пренесуваме нејзината објава во целост.

– Нов почеток за Џевдет. Секоја чест, анестезиолозите и анестетичарите, врската помеѓу сите останати тимови, најбитниот дел од сложувалката наречена трансплантација… За сите дискусии меѓу нас, за сите прочитани трудови, за сите споделени искуства, за сите научени новини, за сите непреспиени ноќи, за сите дилеми и тешки одлуки, за сите падови, за секоја минута во овие 3 недели посветена на пациентот, за трудот на секој од нас за ова да биде успех. За уште многу големи соништа пред нас… (Сликата е објавена со дозвола од пациентот), напиша Бурмузоска.