Утре наутро, вакцините кои ги најави Грција за Македонија се очекува да пристигнат во Скопје. Пред две седмици од министерот за здравство Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, имаше најава дека во македонија од јужниот сосед ќе пристигнат 20.000 дози вакцини на компанијата Астра Зенека.

На почетокот на месецов, Пелони одговарајќи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.

Од Атина, денеска за Албанија беа испратени 20.000 вакцини Астра Зенека, а утре наутро ќе пристигнат и во Скопје.