Потребно е:

10 ЕЕЗ. свежи урми
100 гр лешници и ореви
1 лажица кокосово масло

За мус:

1 зрело авокадо
5-6 парчиња свежи урми
1 лажица кокосово масло
1 лажица какао
20 гр темно чоколадо

Подготовка:

Во блендер изблендирајте урми, лешници и ореви и кокосово масло. Истурете ја смесата во калапот и оставете ја на страна. За мусот измешајте ги урмите и авокадото, а потоа додадете масло, какао и стопено чоколадо. Сè изматете со миксер и прелијте со кората. Оладете ја тортата неколку часа во фрижидер, па исечете ја и послужете.

Добар апетит!