Според статус оставен на социјалните мрежи обичен читател може да се замисли и да поверува дека има некаква промена кон подобро или дека министерот Филипче навистина влијаел или завршил работа да се намали смртноста кај предвремено родените новороденчиња, но тоа навистина не е така.
Всушност се манипулира со информации кои варираат тековно и со информации кои се добиваат по промена на законот и законското сметање на предвремено родените новороденчиња. Според ново усвоениот закон од оваа власт и влада, во калкулација за смртност кај предвремено родени новороденчиња влегуваат само тие над 25-тата гестациска недела доколку се родат и починат, додека пак тие родени помеѓу 22-та и 25-тата гестациска недела и тие пред 22-та гестациска недела воопшто не влегуваат во пресметката за смртност кај предвремено родените новороденчиња бидејќи според министерот оправданието е дека тие бебиња се со висок ризик и низок степен на преживување, па поради тоа да не ја зголемуваат непотребно бројката на смртност генерално не се земаат и не влегуваат во калкулацијата за стапката на смртност кај новороденчињата.
Со вакви испревртени информации нормално е да испадне дека има подобрување, но реалноста не е таква. Тука исто така на ова бројка влијае и бројот на новородени бебиња кој од година во година се повеќе се намалува, па со самото намалување на бројката и стапката на смртност за извесен процент е помала. Но, сите овие информации собрани не значат дека министерот нешто посебно направил, дека Филипче волшебно ги спасил новороденчињата, едноставно ги изманипулирал по се незнае кој пат податоците во корист на него како министер и неговата партија на власт со намера сега дека тоа ќе му донесе политички поени плус во престојното предизборие и предвремените изборите 2020-та кои следат.
Инаку според министерот Филипче и начинот на кој тој ги гледа работите вака стои ситуацијата и неговиот став:
За нецели две години, стапката на смртност на предвремено родени деца ја намаливме за повеќе од 50%. Во 2016 година процентот изнесуваше 25, во 2018та 16%, а за оваа година статистиката покажува дека процентот на починати предвремено родени бебиња изнесува 12%.
Во соработка со Владата на Република Македонија, Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и Агенцијата за акредитација завршивме успешен заеднички проект. Спроведовме обуки на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и Клиничка болница во Тетово – гинеколошко/акушерско одделение, за ефективна перинатална грижа (ЕПГ) и брза проценка на родилиштата согласно со курикулумите и препораките на Светската здравствена организација.
Со овие обуки, спроведовме стандардизиран пристап во сите родилишта, обучен кадар, медикаменти и опрема и надградивме вкупно 15 акушерски и неонатолошки протоколи за најчестите состојби во перинаталниот период.