На снимката која за српските медиуми ја доставил загрижен граѓанин, се гледа жена во бела униформа, најверојатно медицинска сестра, која како што вели пациентот, се обидува да стигне до лабараторијата во новиот Клинички центар во Ниш, но во тоа не се снаоѓа баш најдобро. Зашеметено одeлa, зборeлa споро и неразбирливо, и паѓалe резултатите и епруветите, а личноста која го пратила видеото тврди дека таа мирисала на алкохол.
Граѓанинот за кој се сомнева дека медицинската сестра е пијана е загрижен за безбедноста на пациентите кои одат во Клиничкиот центар.
Директорот на Клиничкиот центар вели дека прв пат го гледа видеото и дека не знае за која жена станува збор , како и дека нема начин како да се идентификува со оглед на тоа дека лицето е скриено, па не може да утврди дали е вработено во Клиничкиот центар, тој исто така додава дека и порано имало пријава дека работниците биле под дејство на алкохол или опојни супстанци, па сака на овие скандали да стави крај.
– Го молам лицето кое го направило видеото додека барало  помош од личноста во белата униформа утре да ми ја достави снимката за да утврдиме дали личноста е вработена во Клиничкиот центар во Ниш, изјавил директорот.