Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во текот на изминатиов викенд (од 28.10 до 30.10.2022) направени се 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Прилеп – 9, Битола – 8, Штип – 2, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (28.10 – 30.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, исто така не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247. Според епидемиолошките анализи, најмногу активни случаи имало во: Скопје 168 и Прилеп 24, додека пак во 12 Општини низ Македонија немало ниту еден заболен од Ковид-19.