Секоја недела нов рок. Министерот за здравство вели дека во текот на наредните 7 дена ќе се откријат причините за смртта на родилката во Штип. Сега проблем биле годишните одмори на лекарите кои членуваат во комисијата.

Сепак, министерот го кажа буквално истото и минатата недела.

Родилката имала уредна бременост и се породила природно. На свет донела здраво момченце и било првата рожба.

Според досегашните информации, компликацијата со крварење настанала по породувањето, првична дијагноза била атонија или состојба кога матката по породувањето не се стега и не може да се сопре крварењето. Докторите решаваат да и ја остранат матката. Но, родилката починала наредниот ден.

Ваква состојба најчесто се јавува кај трето ротки или жени кои имале царски рез. Како една од причините се наведува и заборавено парче од постелката, доколку не се изрегира брзо кога почнало крварњето, може да заврши фатално, објаснуваат гинеколозите.