Честопати класичните лекови имаат несакани ефекти кои понекогаш можат дури и да ја влошат состојбата. Овој рецепт е многу здрав и целосно природен, а се покажал како многу ефикасен во бробата против настинка, грип и кашлица.

За кромидот сите знаеме дека има антибиотско, антивирусно и антигабично дејство, па дури и прочуениот доктор Бројс го препорачувал за искашлување и исфрлање на слузта од органите за дишење.

Медот исто така има бројни лековити својства и секогаш служи како засилувач на другите лековити намирници. Покрај тоа, го намалува гребењето и надразнетата слузокожа на грлото.

Лимонот е богат со етерични масла и витамин Ц кој има одбрамбена улога. Наведените состојки на овој природен лек му ја даваат неговата ефикасност.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 главица кромид
2 чаши вода (400-500 мл)
1 лимон
2 лажици мед

ПОСТАПКА:

Водата сварете ја а кромидот исечете го на парчиња. Штом зоврие водата ставете го исечениот кромид и варете го на тивко до умерено 15 минути. Тргнете од оган и оставете да отстои 10-тина минути.

Смесата процедете ја, па додадете мед и лимонов сок. Течноста е потребно да биде млака за да не се изгубат витамините од медот и лимонот.

Овој напиток пијте го 3 пати дневно и ќе почувствувате подобрување и зајакнување на организмот.