Додека трае Пандемијата во светски рамки и целиот свет е загрижен за како и на кој начин да се справи со најголемата закана на овој свет во моментот, градските власти кај нас во Македонија, заедно со владата не се грижат и не го ставаат на својот список на приоритети ниту под точка разно справувањето со загадувањето во овие денови на самоизолација и коронавирус. До некаде и се во право бидејќи кој сега би помислил во ова невреме да прави било што такво, кој би идел на работа и би загадувал, кога прво лесно би бил воочен, второ треба да не е во ред за да го прави тоа, но не е се така како што размислуваат граѓаните, вознемирените, исплашените или во некои моменти и дел од власта.

Некои “газди“ се по се изгледа над законот, имаат подршка, за нив не важат законите, не ги допираат инспекциите и поради тоа се работи и се пали, се гори, се труе со полни капацитети народот, граѓаните, ризичните категории, но и сите останати во време кога број еден проблем е коронавирусот кој најмногу штета прави кај хронично болните од белодробни заболувања, но и сите останати кои се било какво нарушено здравје.

Дали е нормално прашуваат граѓаните по социјалните мрежи да се случуваат вакви работи, дали тоа инспекторатите не работат трета смена, дали никој бидејќи трае полициски час не го гледа тоа и поради тоа е исто како да го нема? Зошто никој не реагира? Дали власта, градскиот татко и премиерот Спасовски патат од кратковидост и ова не е во нивниот радар за работи и ситуации на кои треба да се реагира? – прашуваат граѓаните, прашуваат вознемирено, сите оние кои ги почитуваат правилата на изолација и полициски час.

Од друга страна се бркаат вработени, не се продолжуваат договори, се оставаат фамилии без корка леб и никој не сноси никаква одговорност, владата гледа на секаков начин да ги оштети финансиски граѓаните, дали и кога некој ќе обрне внимание на вирусот, на мерките за заштита и како да излеземе од ваквата состојба во која се наоѓаме?

До кога загадувањето и труењето на граѓаните и горењето на отпад, како и обезбедувањето на чист воздух за сите нема да бидат приоритет за оваа ненародна власт? – прашува твитер заедницата како и активистите по другите социјални мрежи.