На извршени вкупно 145 тестирања, во текот на вчерашниот ден позитивни на коронавирус се 22 лица. Потврдените случаи се од три градови Скопје, Тетово и Прилеп, а новозаразените од главниот град припаѓаат на фамилијарен кластер.

 

 

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 9 машки лица.

Во текот на вчерашниот ден за оздравени се водат 64 лица, а не е регистриран смртен случај.

Вкупниот број на заболени лица од коронавирус во Македонија е 1664.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес. Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 794 машки и 870 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 45,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 360. Најниска инциденца од 27,1 и 28,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 62 и 72 случаи соодветно.

Од пријавените случаи, 23,8% (n=396) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,9%), кашлица (54,9%), малаксаност (37,2%), треска (19,9%), главоболка (15,3%), болка во грло (14,9%) и отежнато дишење (14,7%).

Кај 552 или 33,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 405 или 73,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Регистрирани се 243 (14,6%) случаи на заболување меѓу здравствени работници. Регистриран е 91 смртен случај од кој најголем дел се на возраст над 60 години (n=59).

Вкупниот број на извршени тестирања е 19.241.