На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 252.537 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.391 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.631 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 420.821 дози вакцини, а ревакцинирани се 168.284 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата вакцинација.мк е 446.195 граѓани. Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.