Мушмулите во Европа дошле преку Грција и Рим, а се автохтони за југоисточните делови на Азија. Уште од подалечната историја се користеле поради лековитите својства.
За време на римското царство во народните лекови биле употребувани и лисјата, кората од дрвото, цветот, семките и секако, самото созреано овошје. Лековите од кората на дрвото најчесто се користеле за лечење маларија.
Дрвото на мушмулата може да издржи температури и од -36 степени, па поради тоа шансите да замрзне се речиси еднакви на нула.
Овошјето има лаксативни својства, а може да помогне и во смирување на воспаленијата во желудникот. Содржи и пектин, благодарение на кој се контролира холестеролот. Истиот помага и при одржување на виталноста на очите, кожата и косата.
Покрај тоа, плодот е богат со минерали, органски киселини и витамини кои се од витално значење за човечкиот организам.