Со оглед на стабилната епидемиолошка состојба во Македонија, Владата во текот на вчерашниот ден однесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица. Одлуката стапува на сила од 1 јули.

– На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули 2021 година свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот, напиша на неговиот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Организирањето на свадби, прослави и веселби на отворен простор до максимум 100 лица се дозволи од 1 јуни годинава, со ограничување да не се надмине 50% од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Оваа одлука, меѓутоа, не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.