Владата на СДСМ го уништи здравствениот систем во Република Македонија. СДСМ наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користи за лично богатење. Откако СДСМ е на власт во здравството владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери. Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Од партијата потенцираат дека СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт.
-Владата на СДСМ направи здравството да стане привилегија само на богатите, а останатите граѓани да не можат да си ги дозволат ниту основните здравствени услуги. СДСМ уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку единствено што мисли е како побрзо некој од функционерите повеќе ќе се збогати. Со СДСМ здравството стигна на ниво на клиничка смрт. Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. Време е СДСМ и Филипче да си заминат, се подвлекува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.