Министерот за здравство Венко Филипче заедно со Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржаа прес конференција на која известија дека е донесена одлука градинките да започнат со работа од 9-ти септември.
Според протоколите за работа на воспитно згрижувачките установи, воспитните групи за деца до 2 годишна возраст треба да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена. Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст треба да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.
Она што згрижува е дека сега градинките стартуваат без направен скриниг кај вработените. Без скрининг на вработените голем е ризикот од зараза и ширење на корона вирусот меѓу вработените, но и меѓу децата. Последниот скрининг на вработените во градинките е направен во месец мај кога имаше најави дека градинките може да се отворат во месец јуни.
Недостигот на кадар е уште еден проблем кој се јавува во врска со градинките. Според протоколите групите на деца се со помал број, а за да се примат сите деца значи треба повеќе вработени во градинките, или повеќе негувателки и воситувачи.
Уште еден проблем кој се појавува во врска со градинките е недостигот на кадар. Според протоколите групите на деца се со помал број, а за да се примат сите деца значи треба повеќе вработени во градинките, или повеќе негувателки и воситувачи.
Министерот за здравство, Венко Филипче, пак посочи дека според протоколите ќе се прави дезинфекција на просторот и дворовите на градинките и ќе се поставуваат едукативни постери во овие установи.
-Секоја установа треба да обезбеди доволно лична заштитна опрема и задолжително проветрување на просториите. Нема собирање на вработените во градинките. Тие треба да го следат здравјето на децата и нивната состојба. При влез во градинката, на секое дете ќе се мери температура и ќе ги мие рацете. Секој родител ќе треба да донесе лекарска потврда за состојбата на детето. Доколку родителот забележи симптоми на детето, не треба да го носи во градинка, истакна Филипче.