Властите убедуваат, поскапената струја не влијае на стандардот на граѓаните

Државниот завод за статистика потврди дека речиси половина милион граѓани во Македонија живеат во многу тешки услови. Според податоците, 455.600 се сиромашни, што значи дека сиромашно е секое четврто четиричлено…

Државниот завод за статистика потврди дека речиси половина милион граѓани во Македонија живеат во многу тешки услови. Според податоците, 455.600 се сиромашни, што значи дека сиромашно е секое четврто четиричлено семејство, кое се зема за просек во земјава.

Тоа ни покажува дека двајца родители на своите две деца не можат да им ги обезбедат ни основните услови за живот, а камо ли да ги покријат останатите трошоци во својот дом. За да биде ситуацијата уште полоша, говори и фактот дека според трговијата на мало во со храна и пијалоци, за само една година има реален пад од 5,3% што значи дека сиромаштијата си го прави своето и се повеќе граѓани не можат да си купат храна и да се прехранат на дневна основа.

Поскапувањето на електричната енергија е последниот удар кој заедно со корона кризата, ги доведува македонските граѓанина на работ на својата егзистенција.

Бидејќи ова поскапување дојде како гром од небо без никаква најава, предизвика економски шок за бизнис секторот, а уште поголем шок за граѓаните. За да ги покрие зголемените трошоци бизнис секторот почна да ги зголемува цените, а со тоа да станаа пак поголеми трошоците за живот на секој еден жител во државава, а тоа го потврди и Државниот завод за статистика кој забележа пораст на цените на мало и трошоците за живот.

Додека поскапата цена на електричната енергија го зема својот дел од стандардот на граѓаните, власта и првиот човек на регулаторна, Бислимовски, убедуваат дека ова поскапување е неопходно и не влијае на стандардот.


Related Articles