Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче во текот на своето министерување има континуитет само во едно, а тоа се лагите. На докторите специјалисти им ветуваше плата од  100 илјади денари, но им даде само трошки. Ветените 100 илјади денари за доктор специјалист останаа само сон. Денеска Филипче повторно се пофали со трошките, зошто ветените 100 илјади денари ги нема, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека притоа Филипче го заборави административниот и помошниот персонал во здравството.

-И наместо со реализирање на ветеното, медицинскиот персонал остана со лагите на владата на СДСМ и Филипче. На 12-ти април ќе се стави крај на  министерувањето и лагите на Филипче, и ќе започне обнова во здравствениот систем, порачуваат од партијата.