ВМРО-ДПМНЕ денска во соопштение до јавноста посочи дека процесот на имунизација на населението е уште еден во низата на дебакли на Филипче. Хронично болните, лицата со ретки болести и транспантираните лица во Македонија се заборавени, велат од партијата.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста во целост:

Венко Филипче уште еднаш докажа дека не знае ништо да организира, освен да најде начин да земе провизии. Процесот на имунизација е уште еден во низата дебакли на Филипче. Додека другите држави ги вакцинираа своите повозрасни граѓани, хронично болните, оние со ретки болести, со трансплантации, тие во Македонија се заборавени. Дури денес Филипче известува дека ќе почне вакцинацијата на пациенти со трансплантирани бубрези и кои се на дијализа, а по нивната имунизација следувала на оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем.

Министре, овие луѓе досега не само што требаше да имаат примено две дози вакцини, туку требаше и да имаат стекнато имунитет или да биде поминат извесен период по втората доза на вакцина. Срамно! Филипче потфрли и во организација на вакциналниот процес, а тоа чини многу, чини човечки животи! Филипче за лагите и сторените злодела ќе одговара.