Не постои ништо поважно од здравјето на граѓаните. Сите мора да се кренат над личните и политичките интереси и да покажат одговорност кон овој приоритет. Борбата за власт по цена на животите и здравјето на граѓаните е неприфатлива. Никој не смее да калкулира во кризна состојба која носи директни ризици за ширење на вирусот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува без колебање да се постапува одговорно од страна на политичките партии во Македонија, бидејќи интересот на граѓаните е најважен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Здравствениот тим на партијата повикува и апелира сите институции на системот да се однесуваат одговорно и со крајна внимателност да ги следат препораките коишто доаѓаат од релевантните меѓународни институции. Заштитата и превенцијата е нужна за да не се дозволи ескалирање на состојбата. Потребно е владата да воведе мерка за бесплатни маски за заштита и дезинфекциски средства кои би биле достапни за сите граѓани вклучително и за оние коишто не можат да си дозволат истите да ги набават, стои во партиското соопштение и се додава:

„Здравствениот тим на ВМРО-ДПМНЕ предложува да се превземат и специјални мерки за движење на стока, како и за работа на маркетите и продавниците, да се воведе правилото „од метар ипол“ растојание. Справувањето со оваа ситуација на пандемија, ќе биде значајно за државата и пресудно за здравјето на граѓаните. Не смее да има простор за грешки и импровизации на надлежните  институции. Здравјето на граѓаните е пред се и секој живот вреди, затоа владата да ги прифати укажаните предлози и истите да се спроведат за да се забави и спречи ширењето на вирусот“.