Мерките на СДСМ единствено носат сиромаштија и клуч на повеќето средни претпријатија кои се моторот на економијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради СДСМ, Република Македонија ја очекува економска апокалипса. Неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни и не нудат реална помош. За доброто на граѓаните, СДСМ треба веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците, се наведува во партиското соопштение.