13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос. Десетици и стотици пациенти се препраќаат по другите болници во Скопје затоа што Хирургија на Клинички не работи, а од пред 2 дена апаратите за компјутерска томографија и РТГ исто така не работат. Како да не беше доволен хаосот со операционите сали, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека Клинички колабира, најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег. Знае ли министерот во заминување дека тој, СДС и ДУИ прават несогледлива штета за здравството? Негрижата кон здравството кое оваа власт го манифестираше изминативе години сега се излеа целосно на површина, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „За ова одговорност мора да има“.