ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче работат на штета на здравјето на граѓаните

Здравствените експерти предвидуваат дека пандемијата предизвикана од корона вирусот нема да се подобри во брзо време, а Заев и СДСМ упорно на штета на здравјето на граѓаните туркаат избори за…

Здравствените експерти предвидуваат дека пандемијата предизвикана од корона вирусот нема да се подобри во брзо време, а Заев и СДСМ упорно на штета на здравјето на граѓаните туркаат избори за да го намалат изборниот пораз, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-На криминалната власт и неспособниот Заев не им е грижа за здравјето на граѓаните. Единствено за што водат грижа се сопствениот интерес и личното богатење. Само вчера беа детектирани 22 новозаболени, а еден наш сограѓанин почина заради корона вирусот. Бројките покажуваат дека Филипче по диктат од неговиот шеф Заев не прави доволно тестирања само за да не ја прикаже вистинската слика во Република Македонија. Но, факт е дека бројот на инфицирани лица од корона вирусот во државата и понатаму расте. Само за споредба Република Македонија на 2 милиони граѓани има тестирано 9034 граѓани, додека пак Словенија на 1 милион жители има тестирано 30221 граѓани. Исто така Република Македонија е на рекордно место по смртни случаи од Ковид 19, споредбено со земјите од Албанија, Бугарија и Грција, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека за  ВМРО-ДПМНЕ недозволиво е граѓаните со изгубени човечки животи да ја плаќаат желбата на Зоран Заев за организирање на брзи избори и ублажување на катастрофалниот изборен пораз кој што ќе им се случи.

-Граѓаните ги препознаваат катастрофалните политики на СДСМ, Заев и Филипче. За ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е пред се и над се. Не смее да има калкулации со здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, стои во партиското соопштиение на ВМРО-ДПМНЕ.


Related Articles