Додека СДСМ на штури прес конференција се фали со економските мерки, реалниот сектор и граѓаните се соочуваат со досега невидена економска криза од времето на транзицијата. Цели сектори во стопанството веќе втор месец се под клуч, не функционира угостителството, туризмот и многу други останати сектори кои вработуваат илјадници граѓани. Не можејќи да го издржат економскиот притисок голем дел од нив во недостаток на помош од државата поделија откази на своите вработени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Првичните анкети велат дека над 100 илјади граѓани добиле привремен или конечен отказ. Владата не само што не стори ништо да го спречи ова црно сценарио туку и дополнително ги стимулираше фирмите да ги отпуштат своите вработени менувајќи неколку уредби со сила на закон преку ноќ. Економските мерки беа најпрво задоцнети, а сега гледаме и дека се далеку од доволни за конечно заживување на македонската економија. Економската состојба од „блескава“ како што тврдеше Заев за само три месеци се претвори во катастрофална, а буџетската дупка од ден во ден е се поголема. Очигледно е дека Република Македонија со Владата на СДСМ никогаш не заблеска, туку го допре дното. Потребни се промени, луѓе со визија и знаење, а не транзициони политичари како Заев, порачуваат од партијата.