Секој ден бележиме трицифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека вчерашната бројка од 111 новозаразени само уште еднаш ја потврди неспособноста на Филипче и СДСМ.

-Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува енормни 3.025 од кои активни случаи се 1.226, а Филипче лаже дека пандемијата е намалена. Бројката од 153 смртни случаи алармира дека ништо не е во ред. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. „Форбс“ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија. Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид-19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени. Постои сомнеж дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаите пред неколку дена за градовите Штип и Велес каде што Филипче се обиде да сокрие 15 новозаболени, се наведува во соопштението од партијата.

Се говори за една интерна одлука, а тоа е оние кои се асимптоматични заразени, кои дошле во допир со заразени да не се тестираат. Таа бројка се говори дека воопшто не е мала, туку над 200. Ако е точно, тоа е потенцијално уште една експлозија на над 200 кластери кои ќе заразат уште повеќе.

Сево ова говори како Филипче и Заев не се грижат за здравјето на граѓаните. единствено за што се грижат се изборите и нивните фотелји.

Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.