Заради неспособноста на МТСП над 2400 деца во Скопје чекаат за прием во градинка, со години немало изградба на нови објекти. Откако СДСМ е на власт 5 години како централна власт и 4 години како локална власт во повеќе општини, немало никакви инвестиции во изградба на нови градинки. Неработата на СДСМ во МТСП 5 години по ред, сега резултира со илјадници деца кои чекаат за прием во градинка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата информираат дека во Кисела Вода 400 деца чекаат за прием во градинка, во Гази Баба 460 дечиња, во Аеродром бројот на деца кои чекаат за прием е 900, додека во Ѓорче Петров 500.
– Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на власта се заземаа за решавање со проблемот на недостаток на сместувачки капацитети, но проблемот кој е создаден со години не може да се реши за една година. Дополнително МТСП нема издадено 86 согласности за прием на вработени за градинки низ Скопје. Тренчевска не работи ништо. Одговорноста за големиот број деца кои не можат да бидат примени во градинка е одговорност единствено на СДСМ кои 5 години не направија ништо. Одговорноста за кочењето при издавање согласност за вработувања во градинките е исто така на конто на СДСМ, и истото е крајно тенденциозно, се додава во партиското соопштение.