Зоран Заев не успеа да го реши проблемот со загадување за овие три години. Се е во главите на граѓаните, вчера го рече и Макрадули во една дебатна емисија, реагират од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев и неговите олигарси пријатели ја трујат Македонија. Олигарсите на Зоран Заев согоруваат отровни материјали. Нивото на опасен сулфур диоксид во атмосферата според Европската енергетска заедница во Виена е 3.4 пати над нормалата. Секое ветување беше лажно и празно. Зоран Заев имаше три години да направи нешто да воздухот. Тој не направи ништо. Сега е време да си замине. Доаѓа време е за одговорност и за обнова на Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.