Внесот на големи дози на Витамин Ц му штети на организмот, ова се симптомите

Витаминот Ц е еден од најважните витамини кој е неопходен во заштитата од многу болести, но има и свои токсични дејства, ако претерано се внесува во организмот. Покрај зајакнување на…

Витаминот Ц е еден од најважните витамини кој е неопходен во заштитата од многу болести, но има и свои токсични дејства, ако претерано се внесува во организмот. Покрај зајакнување на имунолошкиот систем и помагање во одбрана од сезонски настинки и грип, тој може да го намали ризикот од хронични и срцеви заболувања, висок крвен притисок, напади на гихт и поволно влијае на меморијата.

Луѓето чија исхрана е богата со витамин Ц се три пати повеќе заштитени од настанување на артритис во однос на луѓето кои не консумираат доволно од овој витамин. Но истовремено земањето на овој витамин во големи дози доведува до разни здравствени проблеми. Токсичноста на витамин Ц е ретка, но сепак е можна, иако се раствора во вода и лесно се исфрла од организмот.

Токму затоа секогаш треба да обрнете внимание на дневната количината на овој витамин и несакани ефекти која таа ги предизвикува.

Стандардната препорачана доза на додаток во исхраната на витамин Ц за возрасно лице е 65-90 милиграми на ден, со горната граница од околу 2.000 милиграми на ден.

И додека земањето повеќе од тоа веројатно нема да биде штетно за вас, земањето многу поголеми дози на додатокот може да предизвика некои непријатни несакани ефекти, особено за дигестивниот тракт, вклучувајќи дијареја, гадење, повраќање, металоиди и грчеви во стомакот. Исто така, може да предизвика главоболки или проблеми со спиењето. Доколку земете витамин Ц во големи дози, аскорбинската киселина се акумулира во организмот и се таложи како оксалатни камења во бубрезите, што кај луѓе кои се склони кон проблеми со бубрезите може да ја влоши состојбата.

Комплетна и урамнотежена исхрана обезбедува доволно витамин Ц во организмот. Но брзото темпо на живот кај некои луѓе не дозволува да обрнуваат доволно внимание на начинот на исхрана, па затоа во тие ситуации добро е да се земат додатоци во исхрана во облик на витамини и минерали, но секако секогаш во консултација со лекар.


Related Articles