Најпрво, треба да знаете дека има два вида на рак на белите дробови – микроцелуларен и немикроцелуларен белодробен карцином.

Немикроцелуларниот е најчест и се јавува во 80% од случаите, додека микроцелуларниот е поредок, но исто така и најмалиген и брзо се развива.

Белодробниот карцином се јавува подеднакво и кај мажи и кај жени, најретко кај луѓе под 40 години.

Ова се осум најчести симптоми што укажуваат на рак на белите дробови:

– Кашлица што не поминува подолго време

 – Промена на видот на кашлицата што ја имате веќе подолго време

 – Губење здив

 – Искашлување слуз со траги од крв

 – Болка во градите или рамената

 – Губење на апетитот

 – Умор

 – Необјаснето губење тежина

Помалку вообичаени симптоми што исто така се поврзуваат со напредување на болеста се губење на гласот, тешкотии при голтање и болка и чувство на непријатност под ребрата, во градите или во рамената.