Доколку сакате добро да се грижите за вашето психичко здравје, многу е важно одвреме-навреме да се разгалувате себеси. Многу жени (па и мажи) обожуваат да одат на маникир и педикир, за да го подигнат својот дух. Но, она што многу луѓе не знаат, е дека треба многу нешта да ги земат предвид, пред да влезат повторно во салонот за убавина. Продолжете да читате и откријте ги опасностите по вашето здравје, кои можат да ви се случат таму.

  • Инфекциите се многу честа појава во салоните за убавина

Еден од ризиците на коишто можете да наидете во нискоквалитетен салон за убавина, е добивањето инфекција. Во ваквите салони можете да заболите од ХИВ, Хепатит Б и Ц или габична инфекција. Поради тоа, докторите препорачуваат да си носите алатки за нокти од дома, за да избегнете какви било инфекции. Исто така, обрнете внимание на тоа колку е чист самиот салон и ако не ги задоволува вашите стандарди, тогаш веднаш заминете си од таму и најдете подобар.

  • Внимавајте на турпијата којашто се употребува на вашите нокти

Доколку маникиристот користи премногу груба турпија, тоа може да ги оштети вашите нокти. Ако турпијата потсетува на шмиргла, замолете го маникиристот да употребува помазна или стаклена турпија.

  • Не му дозволувајте на маникиристот да ви ги отстрани кутикулите

Кутикулите во суштина, постојат за да ги штитат ноктите од инфекции, а тоа значи дека маникиристот може да ви ги инфицира или оштети ноктите, доколку ги отстрани. Наместо тоа, замолете го само да ги омекне и да ги поттурне, а ноктите ќе ви бидат благодарни за тоа.

  • Осигурете се дека маникиристот го стерилизира приборот, помеѓу секој клиент

Кога ќе влезете во салонот за убавина, приборот треба да биде потопен во сина течност, којашто служи за дезинфекција и ги убива скоро сите микроби, коишто предизвикуваат појава од инфекции. Воедно, имајте на ум дека треба да избегнувате салони коишто го стерилизираат приборот со помош на УВ-зраци. Подијатристот, д-р Сатера, објаснува дека ваквата стерилизација, е процес во времетраење од шест часа. Инструментите треба да бидат изложени на многу висока температура, треба да бидат потопени во различни раствори, а потоа треба добро да се истријат. Согласно на ова, со ставањето на алатките под УВ-зраци во времетраење од неколку минути, помеѓу еден и друг клиент, не се постигнува апсолутно никаков ефект.

  • Немојте да штедите пари, кога станува збор за изборот на салонот

Повеќе од јасно е дека сите сакаат да заштедат пари, но тоа не е најпаметното решение кога станува збор за салоните за убавина. Неквалитетниот маникир, може да доведе до медицинска состојба таканаречена онхиолиза, која изгледа како да имате празен простор помеѓу ноктите и месото под нив. Оваа состојба, се јавува како резултат на оштетување на долниот слој од ноктите. Затоа, подобра опција е да платите повеќе пари и да избегнете посети на дерматолог за третирање на оваа состојба.

  • Лаковите за нокти содржат опасни хемикалии коишто може да ги оштетат вашите нокти

Воедно, лаковите можат да предизвикаат и алергиска реакција или астма. За да го избегнете ова, треба да го отстранувате лакот за нокти, на секои 3-4 седмици и да правите пауза од лакирање, на секои 6-8 месеци. На секој нокот, му се потребни 105 денови за одново да израсне, што значи дека толку долга треба да биде и вашата пауза.

  • Никогаш немојте да ги бричите нозете, пред да правите педикир

Секојпат кога се бричите, бричот прави микрогребаници на вашата кожа, во коишто можат да навлезат бактерии кои пак од своја страна, може да предизвикаат сериозни инфекции. Како резултат на ова можете да завршите и во болница, објаснува д-р Сатера. Таа препорачува да почекате барем 2 дена до педикирот, после бричење на нозете.

  • Доколку имате намален имунолошки систем, воопшто не посетувајте салони за маникир и педикир

Луѓето коишто имаат намален имунолошки систем, боледуваат од дијабетес, васкуларна болест или имаат проблеми со циркулација, како и лицата коишто имаат ХИВ и повозрасните, се позагрозени и треба сосема да ги избегнуваат салоните за убавина.

  • Избегнувајте употреба на УВ-лампи за сушење на лакот за нокти

Ултравиолетовата светлина е опасна за вашата кожа, а дури може и да ви создаде изгореници. Докторите препорачуваат целосно да ја избегнувате. Исто така, можете да побарате салони коишто употребуваат ЛЕД, наместо УВ-лампи.

  • Држете се настрана од премногу жешка вода

Бањите за стапала коишто се прават пред педикирот, можат многу да ви ја исушат кожата и да предизвикаат појава од пукнатини. Затоа е многу важно, водата да не биде екстремно жешка и по завршувањето на третманот, да нанесете хидратантен лосион за стапала, за да ја вратите еластичноста на кожата.

  • Враснатите нокти, никогаш не треба да бидат третирани од страна на маникирист

Вработените во салоните едноставно, ги немаат потребните квалификации за да ја направат процедурата, а можат да предизвикаат и појава на инфекции. Доколку имате враснати нокти во кожата, треба да побарате стручна помош од доктор, којшто соодветно ќе го отстрани проблемот.