Во Австралија повеќе од 800 луѓе добиле грешни негативни резултати на тестот за Ковид-19

Стотици луѓе во лабораторија во Сиднеј добиле негативни резултати на тестот за коронавирус и покрај тоа што биле позитивни на вирусот. Пропустот, што се случил за време на Божиќ, како…

Стотици луѓе во лабораторија во Сиднеј добиле негативни резултати на тестот за коронавирус и покрај тоа што биле позитивни на вирусот.

Пропустот, што се случил за време на Божиќ, како што велат од лабораторијата, бил поради грешка во обработката на податоците.

Некои од тестираните се загрижени дека можеби несвесно ги заразиле своите најблиски за време на божиќните празници.

Лабораторијата SydPath се извини, велејќи дека грешката, која погодила вкупно 886 луѓе, се случила затоа што работниците се соочиле со „невиден“ број тестови.

Прво 400 луѓе добиле информација дека не се заразени, а потоа следниот ден биле известени дека е направена грешка.


Related Articles