Во последните 24 часа во Бугарија регистрирани се 66 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 1.081.

Тоа е раст од 6,5 проценти во споредба со претходниот ден.

Помеѓу новозаболените 12 се медицински персонал.

Во Бугарија досега 190 луѓе се излекувани од Ковид-19, а бројот на жртви изнесува 50.