Приватна педијатриска амбуланта која работи во објектот на дебарската болница е затворена. Новозаразените лица со коронавирусот всушност се лекари и медицински сестри од оваа амбуланта. Лекарот Арбен Аголи, еден од заразените смирува, за медиумите изјавува дека сѐ е во ред и дека сите се чувствуваат добро.

Амбулантата ќе биде во карантин две недели.

Четири медицински лица се од амбулантата, а еден нивен колега веќе бил дијагностициран уште минатата недела.

Во општините Дебар и Центар Жупа има вкупно 20 заразени од коронавирус.