Познато е дека човечкото тело ги регистрира сите промени на сезоните и секој човек различно реагира на нив. Сепак, неспорно е дека мозокот работи поефикасно во одреден период од годината.

Резултатите од студијата во Соединетите држави посочуваат дека сега е моментот кога нашиот ум работи најдобро. Учесниците во студијата биле возрасни над 60 години кои се предиспонирани за деменција и когнитивно оштетување.

Според експертите, нашите мозоци ни се многу покорисни за време на последните врели денови на летото и раната есен. Причината за ова е во промената на хормоналната рамнотежа што е под влијание на климатските услови. Односно во овој период од годината нивото на витамин Д е повисоко, што доведува до подобрена активност на мозокот.

Значи, сега е време да се посветите на вашите работни обврски и да си поставите нови цели. Ова е вашата шанса да започнете да го ослободете целиот ваш потенцијал.