Бројот на заболени од Ковид-19 во Прилеп започнува да расте. Пред два дена се регистрирани 4 нови случаи, а во петокот беа потврдени уште двајца заболени.

Во гинеколошко-акушерското одделение во Прилеп болничарка заболена од Ковид-19 одела на работа и ги криела симптомите. Таа инфицирала уште шест свои колеги со кои работела меѓу кои се и други болничарки и медицински сестри. Болничарката е хоспитализирана, направен е тест за потврдување на вирусот, а потврдено е и дека и другите шест вработени се позитивни на Ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека е точна информацијата дека на овој оддел има заболени од коронавирус. Во последните 24 часа евидентирани се 7 новозаболени во градот, од нив 4 се од гинеколошкиот оддел, потврдуваат од ЦЗЈ Прилеп.