Во гевгелиската Општа болница завршика градежните работи кои изминативе неколку месеци се изведуваа со цел да ги подобрат условите во делот за престој на пациентите и за работа на здравствениот персонал.

Преземените активности беа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и овозможија комплетна реконструкција на најстариот болнички дел.

-Реконструкцијата ни обезбеди високи стандарди за работа на новиот центар за дијабет, добивме нов доплер апарат, биохемиска лабораторија со комплетно нов инвентар и апаратура за анализа, амбуланти за неврологија, урологија и ортопедија како и нова болничка аптека со овремен ентериер, рече директорот д-р Митко Крџев.

Покрај ова, посочи Крџев, со сопствени средства се реновирани специјалистичките амбуланти, поголемиот дел од внатрешноста на физикалната терапија и други сегменти на Општата болница со проширена надлежност во Гевгелија.