Одѕивот на граѓаните, според д-р Војислав Огњановски бил на високо ниво и петте категории кои биле опфатени со „мој термин”: деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, лица над 65 години, хронични заболувања и за здравствените работници, ги примиле вакцините.

Предвидената количина од бесплатни вакцини (1.040) против грип за гостиварското подрачје се потрошија пред крајот на годината, информираат од епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје. За заштита од ова вирусно заболување на располагање се така наречените комерцијални вакцини, кои чинат по 650 денари.

Одѕивот на граѓаните, според д-р Војислав Огњановски бил на високо ниво и петте категории кои биле опфатени со „мој термин”: деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, лица над 65 години, хронични заболувања и за здравствените работници, ги примиле вакцините.

– Сакам да нагласам дека вакцини има и граѓаните можат да се вакцинираат. Не е доцна и таа предрасуда треба да се надмине, бидејќи најдобра заштита против грип е вакцинацијата. Затоа апелирам до сите кои имаат потреба или сакаат да се заштитат, тоа да го направат и да се вакцинираат. Досега пријавените случаи, поминаа со лесна клиничка слика и без потешки последици, но треба да се земе во предвид дека претстои периодот кога грипот ќе земе замав, изјави за МИА прим. д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог Центарот за Јавно здравје.

Од почетокот на регистрацијата на случаи на грип во гостиварско бројката на заболени достигна 163. Најмногу имало во декември (88), а само во последната недела од 2019 година имало 61 случај. Според бројката на регистрирани, Гостивар е на врвот според пријавени заболени од грип.