Утринава во кумановска градинка е започнат вонреден инспекциски надзор од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат. Причината е тоа што викендов околу триесетина деца загрижени во установата се пожалиле на грчеви во стомак, болки и дијареја. Родителите на дечињата побарале помош во болница, а дел од нив ги однеле децата и во Скопје.
Информацијата ја потврдија надлежните од градинката, а во моментов кај нив се наоѓаат инспектори од Државниот санитарен здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Состојбата со дечињата е следна: три од нив болнички се лекуваат, а останатите по пружената терапија се пуштени на домашно лекување.
Од градинката, од инспекторатот и од агенцијата, епидемиолошката служба најавија информации во текот на денот.
Од државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека од утринава е почнат вонреден инспекциски надзор. Инспекторите се на терен со екипа на Центарот за јавно здравје Куманово. Надлежните ќе земат брисеви од повеќе површини од објектите, за да се утврди дали изворот на заразата е во градинката.