Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во Скопје е примен еден пациент, а 9 се примени во болниците низ земјава.

Вкупно 90 лица сомнителни и позитивни на Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија ширум републиката од кои 26 се во Скопје, а 64 се во ковид центрите низ државата. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17
пациенти.

Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во болниците во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.