На 217 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 63 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ја почитувале мерката за изолација.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 845 прекршоци за неносење марки. Носењето маски, како дел од мерките за заштита од ковид-19 е задолжително во затворени простори, но и на отворено кога нема услови за одржување растојание меѓу луѓето.