3 декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, психијатриски нарушувања, хронични болести итн. Лицата со посебни потреби претставуваат една вулнерабилна група, која се наоѓа сè уште на маргините на општеството.

Тие се соочени често пати со проблемот на изолација во средината во која живеат. Според податоците на Светска здравствена организација(СЗО), повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Во Република Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Лицата со посебни потреби во државава и денеска се соочуваат со голем број предрасуди, маргинализација и дискриминација.

Денес по повод 3 декември Меѓународниот ден на лица со попреченост градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги посети лицата со посебни потреби во Одделението за дневен престој на лица со попреченост кое работи во рамки на ЈУ Меѓуопштински центар во рамки на Крива Паланка. Тој секоја година придава особено значење и внимание на овој ден, носејќи подарок за Дневниот центар, па така и денес, тој при нивната посета врачи еден фрижидер, при нивно барање и наменет за потребите кои ги имаат.
Меѓудругото, организираше и заедничка ручек забава.

– Не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.
Ме радува денешната заедничка дружба со нив. Ние и во иднина останува да се грижиме за се она што е потребно во овој Дневен центар за тие да имаат удобни и квалитетни услови-истакна градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

-Срдечно Ви се заблагодарувам и ви посакуам топло добредојде, пред се горди сме што имаме ваков човек кој треба да им служи за пример на останатите. Секоја година добиваме по еден подарок од Вас и тоа е знак за вашето внимание кон лицата со посебни потреби,згрижени во нашиот Дневен центар.Посакувам оваа да продолжи и во иднина-рече координаторката на Одделението за дневен престој на лица со попреченост,Добринка Давитковска.

Во Дневниот центар во Крива Паланка се згрижени 21 лице, а вункционира со 7 вработени лица кои професионално се грижат за нив.
Во контекст на денешниот ден да нагласиме дека е потребно да се посвети соодветно внимание на лицата со посебни потреби. РС Македонија креира мерки и решенија за нивно полесно вклучување во социјалната средина и полесно извршување на сите активности.

Областите во кои се работи се образованието, вработувањето, домувањето, социјалната заштита на лицата со посебни потреби, но посебно треба да се истакне здравствената заштита бидејќи таа им е и најпотребна на овие лица во полесно совладување на здравствените потешкотии. Современата медицинска и други науки може многу да помогнат на овие лица за да ги развијат своите преостанати потенцијали и способности и да постанат активни членови на општеството.Затоа потребно е сите заедно да се обединиме и на било кој начин да им помогнеме на лицата со посебни потреби за достојно и квалитетно да уживаат во животот.