Американскиот институт за проценка на здравјето „Health Data“, според последните податоци ја смести Македонија меѓу земјите во светот со најголема смртност од Ковид-19. Македонија се наоѓа на високото шесто место по Босна Херцеговина, Бугарија и Албанија.
Додека официјалните извештаи говорат дека Македонија пријавила 237.1 починат на 100.000 жители, американскиот институт регистрира двојно повеќе – 482.3 починати македонски граѓани на 100.000 жители. Инаку по Македонија следат Белорусија (472), Романија (465), Казахстан (459) и Перу (447).
Според најновите податоци од Министерството за здравство во Македонија бројот на починати изнесува 5296 лица, бројот на оздравени е 146 800, а бројот на активни случаи изнесува 2932 лица.
Според американскиот институт, реалната бројка на починати лица е двојно поголема од онаа која ја објавува Министерството за здравство.